недела, 24. октомври 2021. Вести денес: 63
home Фудбал

Како реагираше Лео Меси на голот на Мауро Икарди (ВИДЕО)

Како реагираше Лео Меси на голот на Мауро Икарди (ВИДЕО)

Лео Меси е во фокусот откако негодуваше кога беше повлечен од игра против Лион, Аргентинецот не беше ни расположен кога неговиот сонародник Мауро Икарди погоди за победа во 94. минута од мечот.

Синоќа, ПСЖ повторно во нападот ги имаше Лео Меси, Нејмар и Килијан Мбапе, но триото одново не преставуваше голема опасност по противничкиот гол.

Во последните 15 минути, Маурисио Покетино се обиде со поинаков пристап да стигне до победа, па го повлече од игра Лео Меси. На напаѓачот не му се допадна ваквиот потег, негодуваше на замената, одби да се поздрави со тренерот и му дофрли нешто кога го напушти теренот.

Очигледно Лео Меси не беше многу расположен по ваквиот развој на настаните, па остана ладен на клупата кога неговиот сонародник Мауро Икарди погоди за 2-1 во 94. од мечот.

И додека сите на клупата скокнаа да се израдуваат, Лео Меси остана на своето столче, а и кога стана неколку мигови подоцна, не покажа никакви емоции.

Локални избори 2021