среда, 8. декември 2021. Вести денес: 117
home Фудбал

Како Кристијано Роналдо со една реченица ја промени кариерата на Карим Бензема…

Како Кристијано Роналдо со една реченица ја промени кариерата на Карим Бензема…

Аргентинецот Хорхе Валдано откри како Кристијано Роналдо ја промени кариерата на Карим Бензема. Во интервју за „Ла Галерна“, тој раскажа како Португалецот му го дал најдобриот совет на Бензема во кариерата.

„Промената кај Бензема дојде поради многу попрофесионалниот пристап. Играше со Кристијано, врвен професионалец, кој еднаш му рече: „Момче, нема да успееш вака во Реал Мадрид”. А Карим научи многу од тој совет. Интелегентните луѓе прават промена на подобро. Дури и заминувањето на Кристијано го направи Бензема уште подобар бидејќи го принуди да ја преземе улогата на лидер”, изјави легендарниот Валдано.

Бензема многу сериозно ги сфати критиките на Роналдо и со текот на годините стана еден од најдобрите фудбалери во светот. Оваа сезона Французинот има девет гола и седум асистенции на осум натпревари.

Коронавирус