недела, 17. ноември 2019. Вести денес: 73
home Фудбал

Како јапонското чудо од дете заврши во Реал Мадрид

Како јапонското чудо од дете заврши во Реал Мадрид

По претставувањата на новите засилувања Лука Јовиќ и Еден Азар (го пречекаа преку 50.000 навивачи на Сантијаго Бернабеу), најголема време во Шпанија крена преминот на младиот Такефуса Кубо во Реал.

18-годишниот Такефуса Кубо важи за еден од најголемите таленти на светскиот фудбал, а тој четири година (од 2011 до 2015) помина во системот на Барселона која што токму поради него заработи трансфер-бан затоа што од 2009 до 2013 ангажирала 10 странски фудбалери помлади од 18 години и ги нарушила правилата на ФИФА.

Во 2014 година каталонскиот клуб беше казнат со 14-месечен трансфер бан (забрана за трансфери). Откако Барса доби суспензија, сите деца морале да го напуштат клубот а меѓу нив имало бисери од Америка, од Камерун, двајца Холанѓани, дете од Венецуела, двајца таленти од Франција, тројца Кореанци и Кубо.

 

Во меѓувреме младиот Такефуса Кубо се врати во Јапонија и играше за Токио, како и на позајмица во Јокохама Маринос.

Оперативците на Барселона и ПСЖ се загреале да го потпишат младиот Кубо, но се испоставило дека Каталонците за неговиот договор се информирале преку сајтот Transfermarkt каде стоело дека неговиот договор со Токио наводно истекува на 31 јануари 2020 година. Поради ова и Барса и ПСЖ се откажале од преговори за трансфер на Кубо летово и сакале да почекаат до јануари за да го доведат без обештетување.

Целава неодлучност на Барселона ја искористил Реал Мадрид кој му понудил на малиот вундеркинд Кубо 6-годишден договор вреден 1,2 милиони евра годишно а на Токио му платил само 2 милиони евра за трансферот.

Со овој трансфер, Реал Мадрид не само што го добил најталентраниот азиски фудбалер во моментов, туку и осиграл голема заработка преку продажба на дресови во овој дел од светот, така што трансферот веќе им е речиси исплатен без разлика што Кубо е планиран да игра за Реал Кастиља, третиот тим на кралскиот клуб следната сезона.

Кубо во моментов е на Копа Америка со репрезентацијата на Јапонија.