Златан Ибрахимовиќ, последните неколку денoви е во центарот на вниманието на медиумите поради настапот на Санремо, каде на бината се појави придружуван од битовите на песната „Јутро је“, изведена од Нада Топчагиќ.
Од тука и не чуди фактот што италијанските медиуми направија интервју со неговата партнерка Хелена Сегер која открила дека тие двајца не се воопшто во брак.
-Мислам дека Златан ми се допаѓа затоа што можам да му се спротиставам. Имам важно потекло и кариерата ја изградив со многу одрекувања. Бракот би можел да ми го измеша чувството на независност, рекла Хелена и додала:
-Не сакам да ме етикетираат како сопруга на фудбалер. Мислам дека луѓето не се свесни колку напорно учев, работев и се борев за се во животот.
Таа откри и како го запознала Ибрахимовиќ.
Тоа сигурно не беше љубов на први поглед. Лошо го паркираше своето Ферари на паркинг во Малме и го заглави мојот автомобил и неможев да излезам. Доста грубо му се обратив за да го помести. Не е лесно денеска да живееш со него, но верувајте дека и нему не му е лесно да живее со мeне.