недела, 9. мај 2021. Вести денес: 113
home Фудбал

Кака го одбил Сити затоа што не сакал авантура

Кака го одбил Сити затоа што не сакал авантура

Поранешниот најдобар фудбалер на светот, Бразилецот кака, своевремено не се согласил на трансфер од Милан во Манчестер Сити тежок 100 милиони фунти.

Кака во 2009 година беше член на Милан, кога татко му, истовремено негов агент му соопштил за интересот на „граѓаните“ кои биле подготвени да му даваат многу поголема плата. Кака размислував и на крајот одбил да го напушти Милан.

– Манчестер Сити ми нуди многу пари, а Милан беше подготвен да ја прифати понудата. Сосема е нормално што се замислив. Иднината во друга земја беше нов предизвик. Предложената плата беше многу повисока отколку во Милано, па почнав да размислувам. На крајот на краиштата, сите детали беа договорени и јас требаше да потпишам, но нешто ми кажа дека сега не е време. Не бев сигурен дали проектот на Сити ќе функционира, бидејќи сакаа да го заменат целиот тим, и таквото нешто бараше време. Претпочитав побезбедна опција и сакав останам во еден од најголемите клубови во историјата, наместо да се впуштам во нешто ново и неизвесно, изјави 35-годишниот Рикардо Кака кој неодамна ја заврши кариерата.

Тој покрај Милан, настапуваше и за екипите на Сао Пауло, Реал Мадрид и Орландо Сити. Беше репрезентативец на Бразил од 2002 до 2016 година.

Коронавирус