недела, 5. декември 2021. Вести денес: 54
home Фудбал

Каде оди фудбалот? Арсенал го потпиша, а тој само што ја фрли цуцлата

Каде оди фудбалот? Арсенал го потпиша, а тој само што ја фрли цуцлата

Зејн Али Салман стана најмладиот играч во историјата кој потпишал за Арсенал, односно за фудбалската школа на овој познат англиски клуб.

Информациите што доаѓаат од Арсенал, исто така, покажуваат дека многу вредности веќе долго време се прекршени во најважното споредно прашање во светот.

Навистина, скаутите на многу големи клубови „ловат“ талентирани момчиња ширум светот, но потпишувањето договор со четиригодишно момче некако изгледа како нешто што се уште не е видено во светот на фудбалот.

А кога ќе се додаде дека споменатото момче било на мета на многу клубови, тогаш работите стануваат попроблематични. Четири години, а фудбалските великани се борат за неговиот потпис, а неговиот татко не е изненаден.

“Сфатив дека ќе биде посебен веднаш штом се роди. Се сеќавам дека медицинска сестра го стави на стомак и ја крена главата гледајќи наоколу. Дури и таа беше изненадена. Тој беше силен од мали нозе”, рекол таткото на Али за Би -Би -Си.

Коронавирус