петок, 22. јануари 2021. Вести денес: 161
home Фудбал

Јужнокореецот Сон стигна до бројката од 100 голови во дресот на Тотенхем

Јужнокореецот Сон стигна до бројката од 100 голови во дресот на Тотенхем

Јужнокорејскиот репрезентативец Сон Хеунг-Мин го постигна попладнево јубилејниот 100-ти гол во дресот на Тотенхем, погодувајќи во триумфот на лондонскиот клуб над Лидс на домашен терен од 3:0 во рамки на 17. коло во Премиерлигата.

Сон го постигна вториот гол на натпреварот, во 43 минута, откако претходно Хари Кејн од пенал му донесе водство на Тотенхем, а Тоби Алдервајрелд стави печат на триумфот во вториот дел.

За Лидс во почетниот состав се најде македонскиот репрезентативец Езѓан Алиоски, кој одигра 64 минути на натпреварот.

Победата го искачи Тотенхем на третото место во Премиерлигата, со четири бодови заостанување зад Ливерпул и Манчестер јунајтед, кои го делат првото место со по 33 бодови.  (MИА)

Коронавирус