недела, 29. ноември 2020. Вести денес: 83
home Фудбал

Јувентус заинтересиран за Милик, Наполи го сака Бернардески

Јувентус заинтересиран за Милик, Наполи го сака Бернардески

Напаѓачот на Наполи, Аркадиуш Милик може да се пресели во Јувентус. Според новинарот Џанлука Ди Марцио, клубовите сè уште не се согласиле на овој трансфер, но неаполитанците се заинтересирани за играчот од средниот ред на „Старата дама“, Федерико Бернардески.

Доколку двата клуба најдат заеднички јазик, можно е размена на играчите и евентуална доплата.

Во сезоната 2019/20 година, 26-годишниот Милик постигна 14 гола на 33 натпревари на сите турнири, додека 26-годишниот Бернардески постигна два гола и направи две асистенции на 35 средби.

Коронавирус