среда, 29. јануари 2020. Вести денес: 134
home Фудбал

Јувентус втор најпопуларен италијански бренд на Инстаграм

Јувентус втор најпопуларен италијански бренд на Инстаграм

Бројот на следбеници на Јувентус на социјалните мрежи се зголемува. Во моментов, 34,4 милиони луѓе се „фанови“ за клубот од Торино на Инстаграм.

Јувентус се најде на второто место на листата на најпопуларните италијански брендови на Инстаграм, на прво место е италијанската модна куќа Гучи (38,2 милиони).

Во јули 2018 година, кога напаѓачот Кристијано Роналдо се приклучи на клубот, на клупската страница имало „само“ 10,4 милиони претплатници. Секој ден, околу 30 илјади луѓе се претплаќаат на страницата на Јувентус на Инстаграм.

Италијанскиот тим е на третото место по бројот на претплатници во оваа социјална мрежа, по Реал Мадрид (81 милиони) и Барселона (80,3 милиони).