вторник, 3. август 2021. Вести денес: 92
home Фудбал

Јувентус во првиот натпревар од шампионатот по рестартирањето ја совлада Болоња

Јувентус во првиот натпревар од шампионатот по рестартирањето ја совлада Болоња

Актуелниот италијански шампион Јувентус синоќа ја победи Болоња на гостински терен со 2:0 во натпревар од 27. коло.

За двете екипи ова беше прва средба во Серија А по продолжувањето на сезоната.

Поради коронавирусот, натпреварот се одигра без публика.

Стрелци на головите беа Кристијано Роналдо од пенал и Пауло Дибала, двата во првото полувреме.

Јувентус со 66 бода е лидер на табелата во Серија А, Болоња е 10-та со 34 бода.

Коронавирус