понеделник, 18. октомври 2021. Вести денес: 6
home Фудбал

Јувентус во јануари се ослободува од Ремзи, три премиерлигаши заинтересирани за Велшанецот

Јувентус во јануари се ослободува од Ремзи, три премиерлигаши заинтересирани за Велшанецот

Од таборот на Јувентус сериозно размислуваат во јануарскиот преоден рок да се ослободат од услугите на Арон Ремзи кој не се наметна како стандарден избор во клубот од Торино.

Управата на „старата дама“ е подготвена да го пушти Ремзи да си оди како слободен играч и покрај тоа што неговиот договор со италијанскиот тим истекува во 2023 година.

Ремзи пристигна во Торино во 2019 година како слободен агент откако неговиот договор со Арсенал истече, а за Јувентус да го обезбеди неговиот потпис се согласи да му плаќа неверојатни 400.000 фунти неделна плата.

Поради тоа што не прикажа ништо, сега од клубот ќе го ослободат од обврските уште во јануари и тој ќе може да ја промени средината.

Според „Сан“ интерес за велшкиот репрезентативец има од Вест Хем, Евертон и Њукасл кои се подготвени да му понудат договор кој ќе биде дури трипати помал од тоа што Ремзи го заработува во Јувентус.

Локални избори 2021