петок, 11. јуни 2021. Вести денес: 138
home Фудбал

Јувентус тргнува по Зинедин Зидан

Јувентус тргнува по Зинедин Зидан

Андреа Ањели е подготвен да тргне во офанзива за доведување на Зинедин Зидан на клупата на Јувентус, откако стана јасно дека францускиот стратег летово ќе го напушти кормилото на Реал Мадрид. „Кралевите“ и во текот на сезонава размислуваа за тренерска смена, на крајот беше решено истата да се случи откако сезоната ќе заврши, а елиминацијата од Челси во ЛШ само го потврди ставот на претседателот Флорентино Перез, дека смената на генерации во играчкиот кадар треба да биде извршена со нов стратег на кормилото.

Весникот „Тутоспорт“, кој вообичаено е најдобро упатен за случувањата во Јувентус, тврди дека „старата дама“ е подготвена да почне преговори за да го врати Зидан во клубот. Ерата на Пирло дефинитивно е завршена, во тек се преговорите со Алегри, но ангажманот на Зидан е нешто што би му помогнало и на претседателот на Јуве да си го врати урнатиот имиџ по пропаднатиот проект Суперлига на Европа.

Проблем според „Тутоспорт“ е огромната плата од 12 милиони евра што Зидан би ја имал загарантирано за следната сезона дури и доколку добие отказ во Јувентус. Само за споредба, Пирло заработува нешто повеќе од два милиони евра сезонава, во Јуве се подготвени да издвојат повисока сума за Зидан, но не и да ја израмнат платата што тој моментно ја заработува во Реал.

ЕУРО 2020

Македонија