петок, 22. ноември 2019. Вести денес: 26
home Фудбал

Јувентус со неодолива понуда за Јунајтед: Еден фудбалер плус пари за Погба

Јувентус со неодолива понуда за Јунајтед: Еден фудбалер плус пари за Погба

Според пишувањата на италијанските медиуми, францускиот репрезентативец Пол Погба повторно е на излезна врата од Манчестер Јунајтед.

Од враќањето во „Црвените ѓаволи“, ниту еден преоден рок не може да помине без да се шпекулира за заминувањето на Погба. Овој пат италијанските медиуми објавија дека Јувентус сака да го врати Погба во своите редови уште во јануари.

Наводно, „Старата дама“ сака дополнително да го засили средниот ред, а прва желба на Маурицио Сари е Погба. Французинот не крие дека сака да го напушти „Олд Трафорд“, бидејќи ситуацијата во Јунајтед не е баш како што се надеваше кога се врати во клубот пред неколку години.

„Газета дело Спорт“ пишува дека Јувентус веќе подготвил понуда за Погба и ќе се обиде да го донесе уште во јануари. „Старата дама“ ќе понуди околу 50 милиони евра и еден играч од својот тим, а Јунајтед ќе може да избере меѓу четворица фудбалери.

Наводно, Јувентус е подготвен да ги вклучи Марио Манџукиќ, Емре Џан, Блез Матуиди или Даниеле Ругани во трансферот на Погба.

Актуелниот италијански шампион треба да испрати официјална понуда на почетокот на јануари и интересно е да се види дали Јунајтед ќе се согласи да се ослободи од еден од нивните најдобри играчи.