четврток, 24. јуни 2021. Вести денес: 52
home Фудбал

Јувентус следната сезона ќе има нов тренер

Јувентус следната сезона ќе има нов тренер

Претседателот  на Јувентус Андреа Ањели реши да го замени Андреа Пирло со поранешниот тренер на „Старата дама“, Масимилијано Алегри.

Под водство на Алегри тимот имаше одлични резултати и освои многу трофеи, а во Серија А дури пет пати по ред беше првак на Италија, а четири години по ред го освојуваше Купот, како и двапати Суперкупот на Италија.

Пирло има сезона за заборав, зашто Јувентус испадна во осминафинале од Лигата на шампиони, а во Серија А е на четвртата позиција и се бори за место кое води во елитното натпреварување.

За Алегри интерес покажа и Баерн Минхен, но на местото на Ханси Флик најверојатно ќе пристигне Јулијан Нагелсман од Лајпциг.

ЕУРО 2020

Македонија