сабота, 8. август 2020. Вести денес: 17
home Фудбал

Јувентус сака Лукаку да го замени Манџукиќ

Јувентус сака Лукаку да го замени Манџукиќ

Италијанскиот фудбалски клуб Јувентус може да се обиде да го привлече Ромелу Лукаку од Манчестер Јунајтед, објавија британските медиуми.

Лукаку (25) се претставува слабо во дресот на „црвените ѓаволи“, откако има 6 гола досега во сезоната во 22 натпревари.

Штабот на италијанскиот шампион гледа во белгискиот напаѓач идеална долгорочна замена за 32-годишниот Марио Манџукиќ.

Самиот Лукаку претходно оваа сезона објави дека се уште не може да се прилагоди на играта на Јунајтед и тоа е една од причините за неговата слаба форма.

Јувентус може да го искористи Даглас Коста, за кого интерес покажува тимот од „Олд Трафорд“, како дел од договорот за привлекување на Белгиецот.

Коронавирус