сабота, 22. февруари 2020. Вести денес: 54
home Фудбал

Јувентус покажа шампионски менталитет: Два автогола, два пресвти, магија на Квадрадо, шампионот го освои Милано (ВИДЕО)

Јувентус покажа шампионски менталитет: Два автогола, два пресвти, магија на Квадрадо, шампионот го освои Милано (ВИДЕО)

Вистинско фудбалско дерби, 3 минути кои едни фанови од радост ги однесоа во тага, кај другите фанови пак ситуацијата обратно, еден преубав гол, вака најкратко може да се опише мечот кој беше одигран во Милано, меѓу Интер и Јувентус.

Со пресврт во последните три минути, Јувентус кој е шампион на Италија шест години по ред, успеа да остане на врвот на табелата и во последните три кола да влезе со предност во жестоката битка за титулата со тимот на Наполи

Јувентус успеа да поведе уште во 13 минута со голот на Даглас Коста, резултат со кој се замина на паузата. Од првото полувреме на овој натпревар може да се потенцира и стартот на фудбалерот на Интер, Матијас Весино директно на ногата на Марио Манџукиќ, старт поради кој доби и директен црвен картон.

Вистинска фудбалска претстава пак беше видена во вториот дел од натпреварот. Иако со играч помалку на теренот, Интер преку капитенот Мауро Икарди успеа да го израмни резултатот, а подоцна и со автоголот на Андреа Барзаљи да дојде до комплетен пресврт.

Кога веќе сите мислеа дека натпреварот ќе заврши со победа на тимот од Милано, дека Интер ќе му помогне на Наполи да стигне до титулата во Калчото оваа година, во финишот на мечот следуваше „експлозија“ на Јувентус. Торинскиот гигант за само две минути со пресврт успеа да стигне до победа.

Магичниот потег на Хуан Квадрадо може да се каже го „натера“ дефанзивецот на Интер, Милан Шкриниар да си постигне автогол, втор на овој натпревар, откако претходно Барзаљи во дресот на Јувентус ја погоди сопствената мрежа.

Додека уште резултатот беше 2:2, а сигурно и славјето во Неапол спремно, во 89-та минута шпицот на Јувентус по еден слободен удар, со глава успеа да стрела во голот на Интер за голема радост на гостинските фанови.

Погледнете ги најинтересните моменти од натпреварот: