вторник, 25. јануари 2022. Вести денес: 77
АКТУЕЛНО

Црн рекорд: 2341 новозаразени, нови 26 починати од коронавирус

home Фудбал

Јувентус подготвува рекордна понуда за Ван Дајк во текот на летото

Јувентус подготвува рекордна понуда за Ван Дајк во текот на летото

Италијанскиот шампион Јувентус ќе се обиде да ја привлече големата sвезда на Ливерпул и фудбалерот број 2 за 2019 година – Вирџил ван Дајк, пренесува британскиот весник „Сан“. „Бјанконерите“ подготвуваат рекорден договор за дефанзивецот и ќе се обиде да го убеди тимот од Мерсисајд да се раздели со Холанѓанецот.

Според информациите, „старата дама“ ќе му понуди на светскиот клупски шампион сума од 150 милиони фунти. Ваквиот трансфер, сепак, изгледа малку веројатен, бидејќи Ван Дијк е еден од главните „виновници“ за неверојатната форма на „црвените“.

Ван Дајк пристигна на „Енфилд“ во почетокот на 2018 година за околу 75 милиони фунти. Многу критичари го нарекоа трансферот лош договор затоа што цената е превисока, но дефанзивецот апсолутно ги демантираше ваквите тврдења со својата игра на теренот.

Коронавирус