четврток, 24. јуни 2021. Вести денес: 133
home Фудбал

Јувентус подготвува нов договор за Роналдо – еве за што се работи

Јувентус подготвува нов договор за Роналдо – еве за што се работи

Актуелниот италијански фудбалски првак Јувентус подготвил нов договор за својот напаѓач Кристијано Роналдо со важност до јуни 2023 година, објави денеска „Тутоспорт“.

Италијанскиот весник наведува дека Роналдо останува еден од најважните играчи во редовите на Јувентус и затоа клупското раководство сака да ја продолжи соработката со Португалецот.

Роналдо, кој утре ќе го прослави својот 36 роденден, има важечки договор со клубот од Торино до јуни 2022 година.

Португалскиот репрезентативец сезонава игра во добра форма и досега постигна 22 голови на 23 натпревари во дресот на Јувентус. (МИА)

ЕУРО 2020

Македонија