петок, 17. септември 2021. Вести денес: 52
home Фудбал

Јувентус подготвен да ги задоволи барањата на Роналдо: Агентот Мендеш денеска во Торино на преговори со Марота

Јувентус подготвен да ги задоволи барањата на Роналдо: Агентот Мендеш денеска во Торино на преговори со Марота

Кристијано Роналдо во Јувентус по се изгледа повеќе не е само обична приказна, барем како што известуваат медиумите во Италија и Шпанија, работата околу овој трансфер е и повеќе од сериозна.

Како што известуваат медиумите во Италија, агентот на Роналдо, Жорге Мендеш денеска во Торино ќе разговараат за трансфер на фудбалерот во Јувентус.

Дека работите се и повеќе од сериозни пишува и весникот познат како близок до Реал Мадрид, мадридска Марка, која на својата насловна страна објавува „Јувентус е сериозен во врска со ЦР7“. Марка пишува дека во моментов Јувентус е најдобро позициониран во однос на трансферот на Португалецот.

Тие во текстот велат дека Јувентус е спремен да го искористи моментот на незадоволство на Португалецот и да му даде договор кој би го задоволил: 30 милиони евра годишно без бонуси, со траење до 2022 година.

Останува да се види која ќе биде сумата која Реал Мадрид ќе ја побара за Роналдо, со оглед на тоа што не постои клуб кој би ја платил клаузулата која е милијарда евра.

Коронавирус