четврток, 17. јуни 2021. Вести денес: 36
home Фудбал

Јувентус остана без еден од најдобрите голмани во свет поради Алегри!

Јувентус остана без еден од најдобрите голмани во свет поради Алегри!

Тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри неодамна се врати на кормилото на поранешниот италијански шампион, а веднаш добил предлог да се засили со Џанлуиџи Донарума.

„Скај Спорт“ објави дека Алегри го одбил предлогот затоа што е задоволен од неговиот голман Војчех Шчесни и решил да го задржи како прв голман на екипата.

„Алегри веднаш му соопшти на раководството на тимот дека сака да го задржи Полјакот и дека за него тој е во топ-5 најдобри голмани во светот. Донарума беше приоритет за Јувентус, но Алегри донесе конечна одлука“, открива новинарот Џанлука Ди Марцио.

Донарума најверојатно кариерата ќе ја продолжи во ПСЖ, со кој наводно договорил петгодишна соработка вредна 12 милиони евра по сезона.

ЕУРО 2020

Македонија