сабота, 16. јануари 2021. Вести денес: 0
home Фудбал

Јувентус објави ново видео: Погледнете како изгледаше Роналдо денот од зад сцената (ВИДЕО)

Јувентус објави ново видео: Погледнете како изгледаше Роналдо денот од зад сцената (ВИДЕО)

Вчерашниот ден за фановите како и за сите во Јувентус беше прогласен за ЦР7 денот, денот кога Кристијано Роналдо беше официјално презентиран како нов фудбалер на Јувентус.

Сите активности на Јувентус кои беа и пренесувани на сите социјални мрежи каде клубот има профили беа во знакот на Роналдо, а денеска од таму објавија и видео од зад сцените за првиот ден на Роналдо во Торино.

Инаку, трансферот на Роналдо, Јувентус ќе го чини 112 милиони евра, од кои 100 заминуваат во касата на Реал Мадрид, клубот од Торино оваа сума ќе ја плати на две рати.

Годишната плата на Кристијано во Јувентус ќе изнесува 30 милиони евра, што значи дека тој за четири години колку што потпиша со торинскиот клуб, ќе заработи неверојатни 120 милиони евра само од плата.

Коронавирус