недела, 24. октомври 2021. Вести денес: 75
home Фудбал

Јувентус не знае за победа во Серија А, Милан со бод си замина од Торино

Јувентус не знае за победа во Серија А, Милан со бод си замина од Торино

Јувентус не може да дојде до триумф во новата сезона од Серија А. Во 4. коло од италијанскиот шампионат „Старата дама“ ремизираше во дербито со Милан и покрај тоа што имаше водство уште од 4. минута од средбата. Мората во 4. минута донесе водство за Јувентус.

Кога се чинеше дека тимот од Торино ќе го приведе натпреварот кон победа, во 76. минута Ребиќ израмни за конечни 1-1.

По четири кола Јувентус е со два бода на дното од табелата, а Милан со 10 бода се израмни со Интер на врвот.

Локални избори 2021