недела, 27. септември 2020. Вести денес: 70
home Фудбал

Јувентус не преговара со Жиру, Суарез останува приоритетна опција

Јувентус не преговара со Жиру, Суарез останува приоритетна опција

Напаѓачот на Челзи, Оливие Жиру нема да се пресели во Јувентус, објави новинарот Николо Скира.

Според изворот, страните не се во процес на преговарање и покрај шпекулациите дека е можен трансфер на францускиот фудбалер.

Забележано е дека главната опција за торинците е потписот со напаѓачот на Барселона, Луис Суарез.

Напаѓачот на Рома, Един Џеко се смета за план Б, додека напаѓачите Единсон Кавани (слободен агент) и Алваро Мората (Атлетико) се сметаат за трета опција.

Претходно беше објавено дека Јуве се договорил со Жиру на двегодишен договор со плата од 4,5 милиони евра по сезона. (МИА)

Коронавирус