сабота, 28. ноември 2020. Вести денес: 64
home Фудбал

Јувентус му го честиташе 35-от роденеден на Роналдо: Тој одамна го надмина тоа што може да се опише со зборови (ФОТО)

Јувентус му го честиташе 35-от роденеден на Роналдо: Тој одамна го надмина тоа што може да се опише со зборови (ФОТО)

Италијанскиот фудбалски шампион Јувентус, преку официјална веб-страница на клубот, му го честиташе 35-от роденден на напаѓачот Кристијано Роналдо.

– Можеме да ја наведеме неговата неверојатна, импресивна статистика, може да користиме огромен список на придавки за да ги најдеме најсоодветните зборови. Но, вистината е дека Кристијано Роналдо, кој денес го слави својот 35-ти роденден, одамна го надмина тоа што може да се опише со зборови. Наш член е една и пол година, а заедно доживеавме незаборавни моменти, постојано чувствувајќи дека најдоброто допрва треба да дојде. Ни подари голови, кои 50 пати ги прославивме, ги затресе мрежите скоро сите противници против кои играше за Јувентус во Италија и Европа. Само четири екипи не „настрадаа“ од црно-белиот Кристијано, кој неодамна го повтори рекордот на Давид Трезеге, кој постигна голови на девет натпревари во низа.

 

View this post on Instagram

 

Today is a special day ❤️ Happy birthday, @cristiano! ?⚪️⚫️ #CR7JUVE #Cristiano #ForzaJuve

A post shared by Juventus Football Club (@juventus) on

Сите заедно во еден глас: Среќен роденден, Кристијано! – се вели во пораката на Јувентус.

Португалецот со Јувентус го освои шампионскиот трофеј минатата сезона во Серија А. Во својата кариера Роналдо настапуваше и за Спортинг, Манчестер јунајтед и Реал Мадрид.

Коронавирус