сабота, 22. септември 2018. Вести денес: 21
home Фудбал

Јувентус купува уште еден Португалец

Јувентус купува уште еден Португалец

Раководството на Јувентус има намера да му донесе ново португалско друштво на Кристиано Роналдо.

„Старата дама“ ова лето покрај Роналдо го донесе и Жоао Кансело, а сега има намера да донесе уште еден Португалец.

Станува збор за играчот на Вулверхемптон, Диого Жота. Овој крилен напаѓач минатата сезона беше на позајмица во Волвс од Атлетико Мадрид, но англискиот клуб ова лето го откупи неговиот договор.

21-годишниот Португалец го привлече вниманието на многу европски гиганти, а во татковината го споредуваат токму со Кристиано Роналдо.

Јувентус внимателно ја следи ситуацијата и е во одлични односи со неговиот агент, па многу е веројатно дека следното лето ќе се зголеми португалската колонија во Торино.