петок, 29. јули 2022. Вести денес: 98
home Фудбал

Јувентус ќе доведе уште еден српски репрезентативец

Јувентус ќе доведе уште еден српски репрезентативец

Италијанскиот фудбалски тим Јувентус е многу близу до ангажман на Филип Костиќ од редовите на Ајнтрахт Франкфурт.

Српскиот репрезентативец веќе ги договорил личните услови со „Старата дама“ и е подготвен да потпише тригодишен договор.

Сега останува најтрофејниот италијански клуб и Ајнтрахт да се договорат околу обештетувањето.

Бундеслигашот ја одбил првата понуда од 12 милиони евра и бара 20 милиони обештетување. Германските медиуми велат дека клубовите ќе се најдат на половина пат и Костиќ ќе премине во Торино за 17 милиони евра.

 

Коронавирус