понеделник, 13. јули 2020. Вести денес: 119
home Фудбал

Јувентус ја победи Рома и се врати на врвот во Серија А

Јувентус ја победи Рома и се врати на врвот во Серија А

Во дербито на 19. коло од италијанската Серија А, Јувентус синоќа на гостински терен ја победи Рома со 2:1.

По само десет минути игра гостите од Торино веќе водеа со 2:0 со головите на Мерих Демирал и Кристијано Роналдо од пенал. Конечниот резултат го постави Диего Пероти од пенал во 68. минута.

Со новите три бода, Јувентус повторно е лидер на табелата. Актуелниот шампион сега има 48 бода, два повеќе од второ пласираниот Интер. трет е Лацио со 42, а потоа следуваат Аталанта и Рома со по 35 бода.