Фудбал ќе соработуваат уште многу долго

Јувентус и Адидас потпишаа договор вреден 400 милиони евра

Јувентус и Адидас потпишаа договор вреден 400 милиони евра

Германскиот гигант за спортска опрема Адидас и Јувентус ќе соработуваат уште многу долго откако е потпишан  договор за соработка до 2037. година со вредност од 400 милиони евра.

Поточно, Адидас се обврзува, на годишно ниво да му исплаќа на Јуве околу 40 милиони евра, за спонзорство кога станува збор за опремата.

Јувентус веќе десетина години е дел од Адидас семејството, и очигледно оваа соработка е и тоа како добра па нема да заврши во скоро време.

To top