понеделник, 19. октомври 2020. Вести денес: 120
home Фудбал

Јувентус го сака Почетино на местото на Сари

Јувентус го сака Почетино на местото на Сари

Италијански Јувентус го контактирал Маурисио Почетино за да го замени Маурицио Сари како тренер, откако во петокот вечер тимот беше исфрлен од Лигата на шампионите.

Сари со Јувентус го совлада Лион со 2:1 на стадионот „Алијанц“, но тоа не беше доволно затоа што беа поразени со 1:0 во првиот дуел во Франција, што не беше доволно за „Старата дама“ да патува во четвртфиналето.

Иако немаше навестување веднаш по натпреварот дека Сари би можел да си замине, пренесува „Спорт Италија“, оттаму тврдат дека веќе имало контакти со поранешниот менаџер на Тотенхем.

Почетино оствари голем успех со „петлите“, во кои мина пет години и ги одведе до финалето на ЛШ во Мадрид 2019 година.

Сепак, бидејќи новата сезона започна лошо, Почетино беше заменет со Жозе Мурињо во ноември минатата година и оттогаш е неактивен во тренерството.

Од друга страна, Сари ја освои титулата во Италија со Јуве, но само со бод предност пред Интер, па никогаш не убеди никој за доминацијата на клубот од Торино.

Според италијанските медиуми, претседателот на Јувентус, Андреа Ањели би сакал да го доведе Зинедин Зидан на позицијата тренер, но тоа во моментов не е можно, бидејќи Зидан е врзан со Реал.

Во приказната беше и Симоне Инзаги, кој со Лацио покажува солидни резултати, но на крајот може да се задоволи и со Почетино на чело на „бјанконерите“.

Коронавирус