вторник, 17. септември 2019. Вести денес: 66
home Фудбал

Јувентус е заинтересиран за Модриќ

Јувентус е заинтересиран за Модриќ

Италијанскиот фудбалски шампион Јувентус е заинтересиран за ангажман на играчот на Реал, Лука Модриќ.

Според „Медиасет“ Јувентус сериозно ја истражува можноста за во своите редови да гоп донесе најдобриот фудбалер на светот за минатата година.

Договорот на Модриќ со Реал е со важност до летото 2020 година. Наводно, Хрватот нема намера да потпише нов договор со „кралскиот клуб“.

Трансфермаркт го проценува 33-годишниот Модриќ на 25 милиони евра.

Оваа сезона хрватскиот репрезентативец одигра 25 натпревари за Реал, постигна еден гол и оствари три асистенции.