среда, 19. февруари 2020. Вести денес: 2
home Фудбал

Јувентус е следната дестинација за Мануел Ноер?

Јувентус е следната дестинација за Мануел Ноер?

Долгогодишниот чувар на мрежата на Баерн Минхен, Мануел Ноер ова лето би можел да го напушти германскиот клуб.

Ноер има договор со Баерн до крајот на сезоната, а германскиот гигант веќе постигна договор со нов голман. На лето во Баерн пристигнува голманот на Шалке, Александер Нубел.

Германските медиуми пишуваат дека Ноер и Нубел започнуваат од иста стартна позиција и дека долгогодишниот чувар на мрежата на Баерн ќе треба да се бори за своето место на голот. Прашање е колку тоа ќе му се допадне на искусниот Германец.

Ако на Ноер тоа не му се допадне Баерн веројатно не би сакал да држи незадоволен играч во соблекувалната, па би можеле да видиме изненадувачки трансфер. „Франс Фудбал“ пишува дека италијански Јувентус може да биде наредна дестинација на Ноер.

Засега ова сценарио изгледа тешко возможно, меѓутоа фудбалот ни покажал многу пати дека во него се случуваат неверојатни нешта.

Извор: СПОРТСКИ