сабота, 5. декември 2020. Вести денес: 64
Во живо

Протест – „Или Заев или Македонија, оставка сега за да не биде предоцна“

home Фудбал

Јуве со порака до Ривер: Ќе ви го дадеме Игуаин ако ни го дадете Алварез

Јуве со порака до Ривер: Ќе ви го дадеме Игуаин ако ни го дадете Алварез

Во екот на коронавирусот Гонзало Игуаин го напушти Јувентус и се врати во Аргентина. Веќе подолго време се зборува дека тој не сака повеќе да се врати во Торино и дека желбата му е да остане во Буенос Ајрес.

„Тутоспорт“ пишува дека Игуаин сака да игра за Ривер Плата каде и ја почна фудбалската кариера. Наводно аргентинскиот гигант веќе го контактирал Јувентус и пробувале да најдат заедничко решение.

Како што пишуваат медиумите во Аргентина може да се случи размена на играчи на крајот на сезоната. Игуаин би се вратил во Ривер, додека во спротивен правец би дошол Хулиан Алварез на кого му се предвидува блескава иднина.

Алварез би потпишал за Јувентус, но би останал во Ривер уште една сезона со опција торинскиот клуб да го повика кога ќе посака. „Старата дама“ исто вакво сценарио направија во 2015. година кога му дозволија на Карлос Тевез да отиде во Бока Јуниорс. Тогаш го добија Родриго Бентакур кој пристигна во Торино две години подоцна кога стана првотимец.

Коронавирус