четврток, 3. декември 2020. Вести денес: 0
home Фудбал

Јуве потврди за двајца излечени, молчи за Дибала

Јуве потврди за двајца излечени, молчи за Дибала

Јувентус денес објави долг извештај во кој ги најави клупските мерки во однос на пандемијата со коронавирус.

Се споменува дека Даниеле Ругани и Блез Матуиди се излечени од инфекцијата, но ништо не се зборува за третиот пациент во тимот, Пауло Дибала.

Во последните неколку дена се појавија информации дека Аргентинецот имал негативен тест за присуство на COVID-19 во неговото тело, а се очекуваше и втора потврда.

– Ругани и Матуиди направија два теста за коронавирус. Резултатите беа негативни. Затоа, играчите беа прогласени за оздравени на 15 април и веќе не се во самоизолација, се вели во извештајот.

Ова ќе им овозможи да продолжат со индивидуалните тренинзи.

Коронавирус