среда, 27. октомври 2021. Вести денес: 214
home Фудбал

Јуве останува без победа во Серија А, Милан има за што да жали (ВИДЕО)

Јуве останува без победа во Серија А, Милан има за што да жали (ВИДЕО)

Екипата на Јувентус го има можеби најлошиот старт на сезоната во Серија А во поновата историја, откако и во четвртиот меч по ред не дојдоа до првата победа и тоа со ремито на домашен терен против Милан (1-1).

Средбата почна идеално за „бјанконерите“, со оглед што Алваро Мората го отвори резултатот по само четири минути и тоа по асистенција на Дибала. Тоа, всушност, се што стори домашниот тим, кој рано почна да калкулира, што на крајот му се одмазди. Миланезите трпеливо ја чекаа шансата, која им се укажа во 76. минута кога Анте Ребиќ го изедначи резултатот. Хрватот седум минути подоцна имаше фантастична можност за целосен пресврт и триумф на гостите од „Сан Сиро“, но неговиот удар отиде за малку над пречката. Одлична можност имаше и Пјер Калулу во 86. минута, но неговиот шут го скроти голманот на Јуве, Војчех Шчесни со пантерска интервенција.

Милан иако не ја продолжи победничката серија, може да биде задоволен со освоениот бод, со кој се изедначи со Интер на врвот од табелата со по 10 бодови. Составот од Торино, пак, ќе ја чека следната шанса за прв триумф, по двете нерешени и двата порази во првите четири кола од Серија А.

Локални избори 2021