вторник, 26. јануари 2021. Вести денес: 159
home Фудбал

Јунајтед со нов нерешен резултат во САД

Јунајтед со нов нерешен резултат во САД

Манчестер Јунајтед не успеа да постигне гол против Сан Хозе, а контролата средба во Санта Клара заврши со 0:0.

„Црвените ѓаволи“ беа без голем дел од нивните главни фудбалери кои се на одмор по Мундијалот. Сепак, имиња како Алексис Санчез, Лук Шо и Ентони Марсиал беа на теренот.

Ерик Баи погоди пречка на почетокот на натпреварот, а подоцна Крис Вондоловски од МЛС тимот го направи истото.

Сан Хозе направи 15 замени во мечот, а за Јунајтед најлошиот момент дојде во првата половина кога капитенот Антонио Валенсија го напушти теренот повреден.

– Тој е повреден и мора да се справиме со тоа. Минатата сезона тој имаше таква ситуација, а во оваа можеби ќе се случува почесто, прокоментира Жозе Мурињо по дуелот.

За Јунајтед, тоа беше втор нерешен резултат на два натпревари во САД, откако првиот заврши 1: 1 против мексиканскиот клуб Америка.

Во наредните денови, Давид де Хеа, Немања Матиќ и новиот додаток Фред, ќе се приклучат на тимот.

Коронавирус