вторник, 20. октомври 2020. Вести денес: 31
home Фудбал

Јунајтед седнува на преговори со Погба

Јунајтед седнува на преговори со Погба

Манчестер јунајтед ќе ги започне разговорите со францускиот халф Пол Погба со цел потпишување на нов долгорочен договор.

Иднината на Погба беше една од главните теми минатото лето, при што се сметаше дека Французинот е близу до преселување во шпански Реал Мадрид. Сепак, трансферот не се оствари.

Сега Оле Гунар Солскјер и раководството на „црвените ѓаволи“ ја испитуваат можноста за преговори за нов договор. Тековниот договор на Погба истекува за 2 години, со клаузула, исто така, истиот да продолжи за уште една сезона.

Агентот на играчот од средниот ред, Мино Рајола, од своја страна, беше еден од главните актери во летната сага, откако се обиде да најде начин за трансфер на Погба во друг тим.

Коронавирус