понеделник, 16. септември 2019. Вести денес: 97
home Фудбал

Јунајтед се откажа од Дибала

Јунајтед се откажа од Дибала

Манчестер Јунајтед се откажа од намерата да го привлече напаѓачот на Јувентус, Пауло Дибала, пренесува „Телеграф“.

Според весникот, од „Олд Трафорд“ нема да чекаат за одговорот на Аргентинецот, кој требаше да одлучи утре дали да премине во англискиот гигант, откако двата клуба во основа се договорија за размена помеѓу него и Ромелу Лукаку.

Во Јунајтед се откажале од три причини – очигледната неподготвеност на фудбалерот да игра за клубот во оваа фаза, неговите високи финансиски побарувања и големиот надомест за неговите агенти.

Според „Телеграф“, менаџерот на тимот, Оле Гунар Солскјер сака тимот да привлече само играчи кои сакаат да бидат дел од Манчестер Јунајтед.

Утре се очекува „црвените ѓаволи“ официјално да го потврдат трансферот на Хари Мегваер, кој ќе стане трето ново засилување на тимот ова лето