петок, 5. јуни 2020. Вести денес: 10
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Фудбал

Јунајтед размислува да го врати легендарниот Кантона во клубот

Јунајтед размислува да го врати легендарниот Кантона во клубот

Раководството на Манчестер Јунајтед сериозно размислува за можноста да врати во клубот една од најголемите легенди на „црвените ѓаволи“, Ерик Кантона.

Според „Мирор“, идејата е да се покани Французинот како амбасадор и да им се придружи на други легендарни фигури, како Брајан Робсон и Денис Ирвин, кои веќе ги исполнуваат тие одговорности.

Навивачите на Јунајтед буквално му се поклонуваат на Кантона, кој има освоено четири шампионски титули со тимот на „црвените ѓаволи“, двапати ФА Купот и три пати Суперкупот на Англија.

Тој постигна 82 голови и беше идентификуван како најдобар трансфер на Манчестер Јунајтед во ерата на Фергусон.

Коронавирус