недела, 27. септември 2020. Вести денес: 74
home Фудбал

Јунајтед носи светски шампион на „Олд трафорд“

Јунајтед носи светски шампион на „Олд трафорд“

Манчестер јунајтед ќе се обиде на „Олд трафорд“ да донесе светски шампион кој моментно настапува за Барселона, Антоан Гризман.

Францускиот репрезентативец беше на радарот на Јунајтед уште додека го носеше дресот на Атлетико Мадрид и пред да потпише за Барселона во трансфер вреден 120 милиони евра.

Гризман пред три години не беше заинтересиран за трансфер во премиерлигашот бидејќи Јунајтед тогаш не играше во Лигата на шампионите и не претставуваше голем предизцик.

Сега „црвените ѓаволи“ се враќаат во елитното натпреварување и не планираат да штедат бидејќи целта за наредната сезона е да се вмешаат и во борбата за титулата во Премиер лигата каде главниот збор го имаат Манчестер сити и Ливерпул.

Уште една работа која оди во корист на Јунајтед е тоа што Лионел Меси ќе остане во Барселона идната сезона, а тоа значи дека Гризман нема да може да игра на својата омилена позиција. Згора на тоа, новиот тренер Роналд Куман, инсистира Барселона да го купи холандскиот репрезентативец Мемфис Депај кој ќе го зазеде местото на Луис Суарез.

Поради ова, но и шпекулациите дека Меси би останал подолго во Барселона доколку нов претседател на мартовските избори стане Виктор Фонт кој за тренер ќе го донесе Чави Ернандез, Антоан Гризман смета дека нема да добие преголема шанса да игра и како што известуваат француските медиуми, тој е подготвен за трансфер во Манчестер јунајтед.

Коронавирус