петок, 30. јули 2021. Вести денес: 99
home Фудбал

Јунајтед не се шегува, Варан доаѓа на „Олд Трафорд“

Јунајтед не се шегува, Варан доаѓа на „Олд Трафорд“

Рафаел Варан можеби ги брои последните денови како член на Реал Мадрид. Така пишуваат англиските медиуми, кои го селат Французинот во редовите на Манчестер Јунајтед.

Џејсон Санчо беше примарна цел на Оле Гунар Солскјер, кој сака и засилувања во одбраната. Наводно трофејниот фудбалер на „кралевите“ ќе се пресели во Премиер лигата и ќе формира одбранбено дуо со Хари Мегвајер.

Договорот на Варан со мадриѓани истекува наредното лето. Премиерлигашот е уверен дека ќе го убеди шпанскиот клуб за сума од 50 милиони евра.

Карло Анчелоти сака да направи мал ремонт. Давид Алаба веќе е дел од Реал, а ќе си замине капитенот Серхио Рамос, па останува да видиме дали и францускиот фудбалер ќе остави „дупка“ во одбраната на тимот.

28-годишникот освои сè што може да се освои со „кралскиот“ клуб, а зад себе има и успешна кариера на репрезентативно ниво.

Коронавирус