сабота, 16. октомври 2021. Вести денес: 0
home Фудбал

Јунајтед ќе му понуди спас на Ван де Бек: Трампа во клуб од Премиерлигата?!

Јунајтед ќе му понуди спас на Ван де Бек: Трампа во клуб од Премиерлигата?!

Дони Ван де Бек не се наогра откако пристигна од Ајакс во Манчестер Јунајтед.

Тој беше играч кој во минатото го посакуваа и во Реал Мадрид, но на крајот тој заврши на „Олд Трафорд“, каде веќе извесен период е во милост и немилост на тренерот.

Ван де Бек не добива редовно шанса за настап и тоа го фрустрира, а се шпекулира дека самиот тој ќе побара од клубот да го стави на трансфер листа.

Од друга страна, британските таблоиди денеска форсираат приказна дека клубот може да му понуди на Ван де Бек излез од оваа ситуација и да го трампаат во друг тим.

Се верува дека клубот е заинтересиран за Деклан Рајс од Вест Хем и Рубен Невеш од Волвс, тоа се двете опции кои се споменуваат за потенцијална трампа на лето или веќе оваа зима.

Доколку во оваа приказна има вистина, тогаш на Ван де Бек ќе биде одлуката, дали да продолжи во Премиерлигата или да се пресели во некој друг клуб.

Коронавирус