четврток, 21. јануари 2021. Вести денес: 180
home Фудбал

Јунајтед ја продолжува трката со Ливерпул, Милан го напаѓа Купот

Јунајтед ја продолжува трката со Ливерпул, Милан го напаѓа Купот

Во Mozzart спремија нови изненадувања од обложувачката кујна. Еве кои натпревари се најитересни денес за играње.

Шефилд Јунајтед – Њукасл Јунајтед, Премиер Лига, 19.00 ч

По комплетирани 17 кола, Шефилд е единствениот тим во Премиер Лига кој се уште нема забележано триумф. Тоа е шанса за Њукасл да го поправи лошиот скор од последните пет натпревари, каде оствари само два нерешени резултати, со Фулам и верувале или не, со Ливепул. Инаку, Њукасл се традиционално подобар тим од денешниот ривал, па затоа овој дуел ќе биде доста интересен за игра.

Баер Леверкузен – Ајнтрахт Франкфурт, Куп на Германија, 20.45 ч

Во вториот ден од новата година, Ајнтрахт ги доби „фармацевтите“ со 2:1. Во Купот на Германија, Леверкузен би требало да се освети за тој пораз, но тоа ни малку нема да му биде лесно поради серијата од два порази, на која се надоврза и ремито со Вердер. Самодовербата им е разнишана, па Ајнтрахт потајно се надева на грешка на домаќинот. Инаку, интересно е дека последните шест меѓусебни дуели беа кецови, со минимум 3+, независно од тоа кој бил домаќин.

Милан – Торино, Куп на Италија, 20.45 ч

Се игра 1/8-финалето од Купот, а како да треба да гледаме реприза од дуелот во саботата од Серија А одигран во саботата, на кој Милан беше подобар и славеше со 2:0. Милан на тој дуел покажа подобра игра, но не беше и доминантен, па статистиката кажува дека и двата тима имаа по четири шутеви во рамките на голот. Како и да е, од Милан во фудбалска смисла се очекува повеќе, што значи дека Ибрахимовиќ и другарите во овој случај се секако подобри и фаворити во овој дуел.

Барнли – Манчестер Јунајтед, Премиер Лига, 21.15 ч

Оле Гунар Солскјер не оди во Барнли туку така. Три бода за „црвените ѓаволи“ се потребен багаж поради трката за врвот со Ливепул, но и за бегство од Лестер кој заостанува зад нив само еден бод. Инаку, Барнли минатиот пат во јануари минатата година го совлада Манчестер Јунајтед со 0:2, па ете уште една причина плус поради која овој натпревар ќе биде примамлив за играње.

Вулверхемптон – Евертон, Премиер Лига, 21.15 ч

Вулвси се во пад со формата во последно време. Тоа не може да се каже за Евертон, кој после серијата победи, си дозволи минимален пораз од „чеканите“ во минатото коло. Како и да е, треба да се знае дека Вулвси се добро склопен тим, па не треба прерано да се отпишуваат. Наместо тоа, подобро е да се надеваме на тврд натпревар, бидејќи домаќините се солидни на свој терен, што исто може да се каже и за Евертон како гости.

Атлетико Мадрид – Севиља, ЛаЛига, 21.30 ч

Атлетико си дозволи себеси еден пораз од Реал Мадрид, што е единствена дамка на оваа екипа од почетокот на сезоната. Севиља е доста јака, но тешко ќе се носи со домаќинот кој до сега прими само шест погодоци, а постигна 29. Затоа, овој дуел е доста интересен по четирикратниот Х во историјата, како и седум ГГ исходи до сега и денес не очекува многу интересен натпревар.

Уживајте во фантастичните натпревари и заработите во Mozzart.

* Квотите се подложни на промени, но во секој момент во Mozzart ќе бидат најголеми на свет

Коронавирус