четврток, 26. ноември 2020. Вести денес: 114
home Фудбал

Јунајтед ја одби понудата на Барселона за Пол Погба

Јунајтед ја одби понудата на Барселона за Пол Погба

Раководството на Манчестер јунајтед ја одби понудата на Барселона за купување на фудбалерот Пол Погба.

Шпанскиот клуб за трансферот на Погба понудил 50 милиони евра, како и правата за фудбалерите Јери Мина и Андре Гомеш.

Но, раководството на Јунајтед и тренерот Жозе Мурињо не ја прифатија понудата бидејќи очекуваат францускиот репрезентативец во следните сезони да има значајна улога во тимот.

Погба во 2016 година од Јувентус се врати во Јунајтед со трансфер вреден 105 милиони евра, а потпиша договор со важност до 2021 година.

МИА

Коронавирус