среда, 2. декември 2020. Вести денес: 214
home Фудбал

Јунајтед го носи најголемиот талент од академијата на Сити

Јунајтед го носи најголемиот талент од академијата на Сити

Манчестер јунајтед ќе го привлече најголемиот талент од академијата на Манчестер Сити, тврди „Дејли Мејл“. Станува збор за 16-годишниот напаѓач Чарли Мекнил, кој досега има постигнато над 600 голови во својата кариера.

Младиот интернационалец од Англија одби да потпише професионален договор со „граѓаните“ и од „Олд Трафорд“ веќе се обидуваат да го натераат да ја продолжи кариерата во Јунајтед.

Двата клуба веќе преговараат за условите за обештетување. Ако не успеат да постигнат договор, случајот ќе стигне до трибунал. „Етихад“ се обидува да вклучи клаузули поврзани со идниот настап на талентираниот напаѓач.

Мекнил е поддржувач на Јунајтед и првично играше за детските екипи на „црвените ѓаволи“, но му се придружи на Сити пред шест години. Минатиот месец, тој на социјалните медиуми објави дека решил да го напушти клубот. (МИА)

Коронавирус