сабота, 19. септември 2020. Вести денес: 0
home Фудбал

Јунајтед чекаат понуди за Лингард

Јунајтед чекаат понуди за Лингард

Манчестер јунајтед реши да го продаде играчот од средниот ред Џеси Лигард и е подготвен да ги слуша понудите за него ова лето, пренесуваат медиумите во Англија. Иако успеа да се запише двапати во последните два натпревари за тимот, 27-годишниот играч го загуби почетното место по пристигнувањето на Бруно Фернандеѓ на почетокот на годината.

Според „Гардијан“, менаџерот на „црвените ѓаволи“ Оле Гунар Солскјер е фан на квалитетите на Лингард, но решил да го продаде и со тоа да собере средства за привлекување на sвездата на Борусија Дортмунд, Џејден Санчо.

Се верува дека ако Санчо пристигне на „Олд Трафорд“, тоа дополнително ќе ги ограничи настапите на Лингард, што е дополнителен аргумент за разделба со него.

Коронавирус