понеделник, 30. ноември 2020. Вести денес: 55
home Фудбал

Јуфо го пропушта Пјуник поради повреда

Македонскиот вицепрвак Вардар на утрешниот натпревар против Пјуник во рамките од 1. квалификациско коло од Лигата на Европа, нема да смета на услугите на бразилскиот интернационалец Виктор Нилдо Јуфо, кој не допатува со екипата во Ереван.

– Бразилецот на подготовките во Словенија заработи повреда на задната ложа, поточно има парцијална руптура. Бразилецот пропушти дел од тренинзите во финишот на подготовките за мечот со Пјуник, и поради тоа нема да биде во комбинација, соопшти Вардар на својата веб страница.

Вардарци веќе се во Ереван, денеска ќе го имаат официјалниот тренинг на стадионот „Вазген Саргсјан“.

(Миа)

Коронавирус