петок, 21. септември 2018. Вести денес: 111
home Фудбал

Јовановски: Секоја победа во Европа е важна

Јовановски: Секоја победа во Европа е важна

Тренерот на Работнички, Ѓоре Јовановски е задоволен што тимот со победа ги почна европските натпревари во новата сезона. „Романтичарите“ вчера со 2:1 го совладаа унгарски Хонвед и со предност од еден гол ќе патуваат на реваншот од првото квалификациско коло во Лига Европа.

– Секоја победа во Европа е важна. Имаме триумф од 2-1 и одиме на реваншот со еднакви шанси за пласман во следната рунда. Хонвед покажа дека е квалитетен тим, па сосема јасно не очекува уште еден тежок меч во Унгарија. Во Будимпешта одиме да постигнеме гол кој секако многу би ни ја олеснил задачата за пласман во следната рунда европски натпревари, изјави Јовановски.

Реванш натпреварот меѓу Работнички и Хонвед во Будимпешта се игра на 17 јули.

(Миа)