петок, 23. октомври 2020. Вести денес: 124
home Фудбал

Јовановски: Да продолжиме во ист ритам и против Ренова

Јовановски: Да продолжиме во ист ритам и против Ренова

Тренерот на Работнички, Ѓоре Јовановски е задоволен од изданието што екипата го имаше на претходниот меч и посакува ритамот да се задржи и за следниот натпревар, против Ренова во Тетово.

– Остваривме важна победа на едно тешко гостување. Скопје на негов терен оваа пролет не успеаја да го победат ниту Шкендија, ниту Вардар, а ете ние освоивме три значајни бода. Честитки за фудбалерите за прикажаната игра, за борбеното издание, и се надевам дека ќе продолжиме во ист ритам и против Ренова. Ќе биде тоа ново искушение, теренот е одличен на Градскиот стадион во Тетово и ќе ги имаме сите услови за вистинско надигрување. Ренова е квалитетен тим, ги респектираме, но и веруваме во своите квалитети, вели Ѓоре Јовановски за клупскиот веб сајт.

Натпреварот меѓу Ренова и Работнички ќе се одигра утре, со почеток во 16 часот на Градскиот стадион во Тетово.

Коронавирус