четврток, 27. февруари 2020. Вести денес: 29
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Фудбал

Jунајтед не планира да го разреши Солскјер

Jунајтед не планира да го разреши Солскјер

Раководството на Манчестер јунајтед продолжува да го поддржува тренерот Оле Гунар Солскјер.

Вчеравечер Манчестер јунајтед загуби од Барнли (0:2) на свој терен, постигнувајќи го најлошиот резултат во 21 век по бројот на освоени бодови во 24 кола.

Сепак, раководството на клубот не планира да го разреши 46-годишниот Норвежанец, пренесува „Скај спортс“.

По натпреварот со Барнли, Солскјер изјави дека Манчестер Јунајтед планира да го засили составот пред да се затвори јануарскиот преоден рок.

Тимот е на 5.место во Премиер лигата со 34 бода, шест помалку од четврто пласираниот Челзи.