четврток, 22. октомври 2020. Вести денес: 104
home Фудбал

Јирген Клоп останува менаџер на Ливерпул до 2024 година!

Јирген Клоп останува менаџер на Ливерпул до 2024 година!

Актуелниот менаџер на европскиот првак Ливерпул, Јирген Клоп, кој ги препороди „црвените“ откако седна на клупата на „Енфилд роуд“ ќе остане менаџер на овој англиски премиерлигашки великан до 2024 година, откако денеска го потпиша новиот договор.

Ливерпул официјално ја објави веста за продолжувањето на договорот, на голема радост на навивачите, откако во последниот период Клоп низ медиумите најавуваше дека „не знае дали има мотиви и сила за да продолжи да работи“ откако ќе му истечеше претходниот договор.

Под палката на Клоп, Ливерпул стигна до европската титула, лани за еден бод не ја освои Премиеригата, но сезонава „црвените“ се убедливи и веќе имаат двоцифрена предност во трката за првата шампионска титула после три децении.

„Овој клуб е толку добро место, не ни можев да помислам да си одам.Со ваква организација, со неверојатната поддршка од навивачите, не постои подобро место од ова на ‘Енфилд’. Кога дојдов во 2015 чувствував дека е перфектно и за мене и за Ливерпул, а сега чувствувам дека го потценив тоа. На заедничко задоволство продолжуваме до 2024 година. Овој клуб се развива од ден на ден, ја гледам сета посветеност на раководството и тука само јас можам да напредувам“, вели Клоп.

Коронавирус